Велешанец се шокирал кога си влегол дома

Непознат сторител извршил кражба во дом на велешанец стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

- Во периодот од 1-ви до 15-ти октомври годинава на улицата „Стеван Богоев“, во Велес, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќата сопственост на 21-годишниот Т.А.  од каде одзел златен и друг вид накит, дигитални ресивери и пиштол „ЧЗ-75“ калибар 9 мм, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега