Унгарија ја затвара границата со Хрватска: Од полноќ нова блокада за мигрантите

Унгарија ќе ја затвори својата „зелена“ граница со Хрватска на полноќ, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој тоа го соопшти по состанокот на Советот за национална безбедност. Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно најави дека земјата денес ќе донесе одлука за затварање на границата со Хрватска за да го спречи протокот на мигранти.

Тој вчера во Брисел рече дека Унгарија има готова ограда на границата со Хрватска и дека границата може да биде затворена „во рок од еден час, ако е тоа потребно“.

Во унгарија оваа година пристигнаа повеќе од 383.000 мигранти од кои речиси сите го продолжија патот кон Германија и другите земји во Западна Европа.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега