Најглупавиот крадец сам се заклучил - го „спаси“ полицијата

Во Босна и Херцеговина се е можно. Крадец, денес попладне, се заклучил во гаражата, која имал намера да ја ограби.

Босанските медиуми веќе го прогласија за најглупав крадец, а од тамошното министерство за внатрешни информираат дека тој има 30 години, а во кражбата му помагал негов пријател.

Аматерот упаднал во приватна куќа, низ гаражата. За негова несреќа вратата се заклучила, па тој почнал да го довикува соучесникот. Откако сопствениците слушнале врева повикале полиција, која веднаш ги уапси крадците.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега