Мерките на Владата даваат резултати - „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од ББ-, со стабилен изглед.

Ова е исклучително добар сигнал за странските инвеститори со оглед на тоа дека оваа кредитна агенција претходно во 2015 година го намали кредитниот рејтинг на Русија на ББ+ од БББ, а на Хрватска и го намали изгледот од позитивен на негативен, пренесе МИА.

За растот Агенцијата очекува во следните четири години истиот да биде поддржан од започнатите капитални инвестиции, од приливите од странските директни инвестиции, како и од континуираниот раст на извозот.

- Од 2010 година, извозната активност заедно со експанзивната фискална политика ја поддржа економијата и помогна во намалување на невработеноста, се вели во извештајот.

Агенцијата забележува и раст на личната потрошувачка, поддржана од ниската инфлација, што придонесе за економскиот раст.

Нивото на јавен и државен долг, како што наведува Агенцијата е умерен.

Со околу 2,4 милијарди долари нивото на девизни резерви е висок, и е силна поддршка за одржување на фиксниот девизен курс.

Банкарскиот сектор е стабилен, добро капитализиран и обезбеден со домашни депозити.

Македонската регулатива и поставената супервизорска рамка овозможува справување со ликвидносниот ризик поврзан со потенцијалните повлекувања од мајките банки, се наведува во извештајот.

 

 

Оцени ја веста

17.10.2015 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега