Латас: Како да му се верува на Заев во преговорите, по лагата за Израел

Уредникот на Сител телевизија Драган Павловиќ – Латас во синоќешното гостување во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека начинот на кој е пратен Зоран Заев во Израел е организиран од ПР агенција од Израел

-Заев доаѓа во Израел, состанокот кај заменик министерот за внатрешни работи му го организира фудбалски менаџер за Балканот заглавен во криминал. Бидејќи е личен пријател со заменик министерот му вика „прими го човекот, агенцијата која работи со него, нашава, му земала пари, да се раздужиме“. Тој доаѓа и зборува куртоазно, времето, Македонија, бегалската криза. Заев се враќа во Македонија и вика „мене ме примија на највисоко ниво, безбедносните структури ми дадоа материјали со кои се докажува дека земале пари за набавката на опремата за прислушување“. Израелецов, наводно, му дава материјали со кои ја заглавува сопствената Влада тоа не е возможно. Второ, Заев до такво ниво ги доведе работите, уличарско, неписмено, лажно што мораше 24 часа после тоа да се јавува лично заменик министер за внатрешни работи на Израел кој е надреден над МОСАД и да каже Заев лаже, вели Латас.

Латас вели дека ако ова го лаже Заев кај официјален израелски заменик министер за внатрешни работи, како да му се верува на тоа што го зборува во преговорите.

 

 

Оцени ја веста

17.10.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега