За почит - Најде 5800 евра на аеродромот и ги врати на сопствеикот

Дека сеуште постојат чесни и поштени луѓе кои финансиската корист не им е важна, покажува и случајот на еден работник од обезбедувањето на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Станува збор за Милан Граховиќ (33) кој ја нашол и ја вратил торбата со 5800 евра на еден невнимателен патник!

Обезбедувањето на белградскиот аердром во средата вечерта, околу осум часот на Терминалот 2, приметил рачна торба без надзор и веднаш по стандардна процедура ја окарактеризирал како можна закана.

Во координација со сите служби, местото на настанот е обезбедено, донесени се кучиња трагачи и извршена е проверка на сомнителниот багаж. Кога го прегледале, утврдиле дека во него се наоѓаат пари во вредност од 5800 евра и лични документи“, вели Милан за Курир. Овој совесно момче веднаш го повика невнимателниот патник од српска националност, кој недолго пред тоа слетал на аеродромот, за да му ги врати парите.

Човекот се израдувал како мало дете, изјавил дека ова му е втор роденден. Подоцна дознавме дека парите биле наменети за школување, вели Граховиќ, кој веќе десет години работи на аеродромот.

Според неговите зборови, невнимателниот патник им купил сокови и слатки за да се заблагодари, а Милан вели дека ниту во еден момент не се двоумел дали да ги врати парите.

„Почутувањето е моја должност и како човек и како спортист, а и како некој кој го претставува „Никола Тесла“. Да ги земев парите, би ме јадела совеста, не би можел мирно да спијам“, објаснува Граховиќ.

 

 

Оцени ја веста

18.10.2015 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега