Котевски за Press24: Благодарен сум на можноста која ми е понудена


„Од декември 2006 година бев дел од тимот кој квалитативно, на повисоко ниво ја подигна ефикасноста во работењето на Министерството за внатрешни работи и создаде институција за респект која не потклекнуваше и не преговараше никогаш кога беа во прашање интересите на Република Македонија.
Со огромна политичка волја и напор создадовме транспарентна институција во служба на граѓаните.
Во 2006 постоеше само канцеларија задолжена за односи со јавност од која во изминативе 9 години, на почеток изградивме Одделение кое прерасна во Сектор за конечно да го подигнеме на ниво на Оддел за односи со јавност и стратешки прашања. Системски го уредивме и пристапот до информациите од јавен карактер, а успеавме да ги стандардизираме и процедурите по кои секојдневно постапуваме а претставуваат репер и повисоко ниво потврдено од сите релевантни истражувања спроведени од меѓународни организации“ – вели Котевски за Press24 додавајќи дека од МВР си заминува со спогодбено раскинување на работниот однос.
Тој му се заблагодарува на сите колеги во министерството за врвниот професионализам и извонредните човечки квалитети.

Котевски за Press24 вели дека смета дека интересите на граѓаните сега најдобро ќе може да ги брани на политички план.

„Сега се соочувам со нов предизвик. Мојот личен став е дека постои турбулентен период во кој ценам дека интересите на граѓаните и државата ќе може најдобро да ги одбранам на политички план. На политичко поле се води новата битка за иднината на Македонија. Во моменти на реални закани за уривање на системот, државноста и се што е изградено години наназад само заради обид за ситно политичко профитерство, благодарен сум на довербата која ми е укажана и можноста која ми е понудена“ – вели Котевски за Press24

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа