ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема право да зборува за работни места, своевремено остави на улица 200.000 луѓе

СДСМ зборува за отворање на мали фирми и отвoрање нови работни места, а своевремено затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. СДСМ зборува за субвенции, а не даде ниту денар кога имаше прилика за тоа. Како што ветува денес, ветуваше и на фамозниот 15-ти септември дека ќе вработи по еден од секое семејство, за потоа да престане да се сеќава на ова свое капитално неостварено ветување и ден денес да го носи срамот од оваа лага, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ.

Додава дека наместо празни ветувања, ВМРО-ДПМНЕ има да понуди конкретни дела и тоа во секој сектор.

- Реализирани се 133.000 нови вработувања. Стапката на невработеност од 38% во времето на СДСМ е сведена на помалку од 27%, со постојана посветена работа да ја намалиме уште повеќе. Даночната стапка во Република Македонија е најниска во светот со ефективна стапка од 7,4%. За микро и малите фирми од 2011 година даночната стапка изнесува 0%. ДДВ-то е намалено од 18 на 5 % за преку 15 видови на производи кои што секојдневно граѓаните ги користат. Царинските стапки се меѓу најниските во регионот. Пондерираната царинска стапка е 1,75 % и е за 50 % пониска во однос на 2006 година., наведува ВМРО-ДПМНЕ  во реакцијата.

Во неа додава дека пристапот до финансиски средства на малите и средни претпријатија е најголемиот проблем кој го имаат малите и средни компании и затоа за нив е обезбедена кредитна линија од Европската инвестициска банка уште на почетокот на кризата во износ од 350 милиони евра од кои 319 милиони евра се веќе искористени. 

Ја напоменуваат мерката „Отпис на камати“ што голем број на фирми ја искористија, олабавувањето на казнената политика, проектот „Македонија вработува“, работењето на малите и средните претпријатија кои работат на разни градежни инфраструктурни проекти, едноставните процедури во работењето на малиот бизнис, формирањето на Фондот за иновации, мерката „Консултација со странски експерти“, како и решавањето на имотно-правните проблеми преку посета на Управат за имотно правни работи.

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега