Не знае како се нашла таму: 15 годишно девојче со скршена кичма пронајдено во влез од зграда во Нови Сад

Припадниците на српската полиција во една напуштена зграда на Улицата Војводјанска бригада во Нови Сад пронајдоа малолетно девојче М.Л. (2000) во многу тешка состојба.

Имено девојчето се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот. Како пишуваат српските медиуми, М.Л. на полицајците им рекла дека не се сеќава како дошла во зградата.

Девојчето итно е префрлено во Децката болница во Нови Сад за да и се пружи адекватна лекарска помош.

Константирани и се скршеници на черепот и фрактури на пршлените и карличните коски.

Полицијата ги истражува сите околности за овој случај.

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега