Завршија преговорите во Пржино - лидерите се скараа за министрите

Има напредок но се уште остануваат разликите меѓу партиите. Ова е изјавата која пред малку пред резиденцијата на амбасадорот на Европската Унија во Пржино ја даде лидерот на ДУИ Али Ахмети по завршувњето на вечерашната рунда преговори со посредство на еврокомесарот Хан. Ахмети рече дека имало несогласувања околу изборот на нови министри. Ахмети рече дека имиња на министри не се споменувале. Тој додаде дека преговорите меѓу работните групи ќе продолжат.
Во моментов новинарските екипи ја чекаат изјавата на еврокомесарот Хан. Покрај него, во резиденцијата во Пржино се и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 00:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа