Граѓаните ја блокираа улицата, маж се врза со ланци за дигалка - драма во Загреб

Утринава вистинска драма се одвивала во Јеждовец во Нови Загреб каде жител се врзал со ланци за дигалка, откако во квартот пристигнале работници кои го подготвувалетеренот за да постават базна станица на еден мобилен оператор. Откако работниците дошле во населбата и почнале да го подготуваат теренот, граѓаните се собирале и го окупирале просторот, пречејќи им на работниците да си ја вршат работата.  Настанот кулминирал со жителот кој се врзал за дигалката со ланци, поради што морала да интервенира полицијата.

По некое време, лутите граѓани успеале да ја тргнал дигалката од улицата, а потоа се согласила да ја одблокираат истата.

Сепак, работниците откако интервенирала полицијата продолжиле со работата.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега