Изминатиот викенд во Грција влегле најголем број мигранти досега

Грчката канцеларија на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека изминатиот викенд во Грција влегле досега најголем број мигранти.

ИОМ, по консултации со грчката полиција, соопшти дека во петокот на 16 октомври во Грција влегле повеќе од 8.900 мигранти, во саботата повеќе од 9.100, а во неделата на 18 октомври влегле 9.200 мигранти.

Овие досега се најголеми бројки и ги надминуваат и летните денови кога напливот на мигранти беше најголем.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега