Економската состојба во преработувачката индустрија во септември поповолна од август

Оценката за економската состојба во преработувачката индустрија во септември е поповолна во споредба со август, а како поповолна е оценета и во однос на септември минатата година, пренесе МИА.

Како што денеска објави Државниот завод за статистика, според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на август, а за 6,2 процентни поени во однос на септември 2014 година. 

Поповолна е обезбеденоста на производството со порачки и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи се намалени. Истото се однесува и на бројот на вработени, а просечното искористување на капацитетите на компаниите во септември изнесува 63,9 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 24,6 отсто, недоволната странска побарувачка со 23,8, недоволната домашна побарувачка со 23,5 и финансиските проблеми со 5,3 проценти.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега