Стевананџија: СДСМ го опустоши Крушево

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стеванаџија, во денешната амадманска расправа за индустриска зона во Крушево на Комисијата за финансирање и буџет со аргументи кон пратениците од опозицијата нагласи дека во Крушево никогаш не било инвестирано како што се инвестира сега.

„И оваа индустриска зона ќе биде изградена, туристичката развојна зона во Крушево е пред одобрување, во моментот јас барем знам една фирма која што бара 60 луѓе и доколку имате луѓе кои што бараат работа начин да заработуваат ќе ви кажам каде да ги упатите и пробајте да им помогнете на 60 фамилии и тие да вадат корка леб. Тоа е само една од оние нови 4 економски капацитети кои што во моментов во Крушево функционираат за разлика од минатото кога големите фирми од Крушево беа затворени со приватизацијата и градот изумре“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Стевананџија посочи дека доколку сака опозицијата може да ги прочита сите проекти кои што се направени за Крушево од страна на Владата и дека уште многу проекти кои се планираат во иднина ќе допринесат за уште позасилен развој на Крушево и подобрување на животот на крушевчани.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега