Австриската компанија „Тексспорт“ отвори фабрика во Виница - инвестиција вредна 1,5 милиони евра

Австриската компанија „Тексспорт“ отвори нова конфекциска фабрика во Индустриската зона во Виница во вредност од 1,5 милиони евра, пренесе МИА.

- Во капацитетот во Виница инвестиравме 1,5 милиони евра сопствени средства на компанијата„Тексспорт“. Во објектот ќе се вработат 180 до 200 лица од Виница и регионот. Дополнително во Кочани ќе воведеме производство каде уште 80 лица ќе најдат вработување, истакна Отмар Шнајдер, сопственик на компанијата од Австрија.

Тој прецизира дека утре во општина Илинден ќе бидат поставени темелите за уште еден производствен погон - текстилна фабрика за производство на противпожарна облека.

Градоначалникот на општина Виница Емил Дончев изрази задоволство од новата австриска инвестиција во областа на конфекционертството во Виница. Тој ги потенцираше придобивките за граѓаните од општината и регионот и придонесот за стопанскиот развој во целина.

- Новата инвестиција ќе биде од големо значење за општината, посебно за намалување на бројот на невработените иако Виница е со најмал број на невработени лица во регионот, рече Дончев.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега