Шок во Врапчиште по убиството: Ја удирал со секира, целата соба била со крв

Шок и неверување во гостиварско Врапчиште по убиството кое се случи вчера. 49-годишниот Горан Андриевски ја убил 5 години помладата сопруга Елизабета, во спалната во нивната семејна куќа, по што самиот се одлучил да и се предаде на полицијата за делото кое го направил. Како што пишува Дневник, иако засега не е потврдена оваа информација, најверојатно причина за крвавото убиство се семејни недоразбирања кои траеле подолго време помеѓу сопружниците. По убиството, Горан отишол во полиција и им признал на полицајците дека ја убил својата сопруга удирајќи ја со секира во главата.

Соседите и пријателите се шокирани од настанот: - Во секоја куќа има недоразбирања, па така и тие се караа, но да дојде до тука е за неверување, велат тие за Дневник. Тие велат дека не слушнале расправија од куќата. Последен пат Горан и Елизабета биле видени кога се враќале од работа. Таа била медицинска сестра, а тој работел во Електрани Македонија. Со нив живее и неговата мајка, а имаат и две деца кои во моментот на убиството за среќа не биле дома.

Инаку, телото на убиената гостиварчанка е дадено на обдукција. Засега не се знае дали Горан се скарал со неа па ја убил, или дали посегнал по нејзиниот живот додека таа спиела во спалната. Таа била во пижами, а кога полицијата дошла на местото на настанот, затекнала ужасна глетка бидејќи целата соба била во крв од ударите кои Горан и ги задал на сопругата во пределот на главата и вратот.

Ова е уште едно во низата убиства кои ја потресоа Македонија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега