Драма: Пет дечиња останаа на улица - таткото Драган се поли со бензин

Вистинска драма се одвивала синоќа во Крагуевац кога невработениот Драган Арсенијевиќ кој инаку е татко на пет малолетни деца, се полил со бензин и се заканувал дека ќе се самозапали, откако извршители му тропнале на вратата. Веднаш полиција, Брза Помош и пожарникари пристигнале на местото на настанот. Драган викал и се заканувал пред нив дека ќе се запали ако извршителите го иселат од дома поради долгот од 4.600 евра кој го имал.

Откако ситуацијата била ставена под контрола, со тешки напори на полицијата и пожарникарите, Сања од вчера е на улица заедно со петте дечиња.

- Се започна кога мојот свекор почина. Тргуваше со стока. Се појавуваа луѓе кои ни бараа пари. Се продадовме, два автомобили и останатиот имот кој го имавме. Но долгот не можевме да го подмириме. Куќата која е на прадедото на мојот сопруг два пати беше на лицитација, никој не се појави, а потоа дојдоа извршителите на врата, раскажува низ солзи Сања која ја снајде многу тешка судбина.

По настанот, Драган бил веднаш однесен на Психијатрија.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега