Обвинителите на Јанева и денеска не поминаа во Советот на јавни обвинители

Обвинителите на специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска не добија зелено светло од Советот на јавни обвинители. иИако еден од членовите предложи Советот да ја стави на дневен ред точката за избор на преостанатите обвинители, мнозинството одлучи по оваа точка да не се расправа. Претседателот на Советот, Петар Аневски, ја повика обвинителката Јанева да дојде во Советот и да ја образложи потребата за избор на дополнителните обвинители.

- "Според информациите во обвинителството на Јанева ќе има околу 28 предмети. Еден обвинител во обвинителствата низ Македонија во просек работи по 30-40 предмети месечно. Доколку Јанева има повеќе предмети и нивниот број се зголеми на 120 или 140 на пример, ние сме подготвени да ја смениме одлуката и да ги изгласаме и преостанатите обвинители, изјави Аневски". Тој потенцираше дека Советот не го интересираат политичите договори бидејќи во него одлуките се носат врз основа на закон, а не како производ на политички пазарења.

Изборот на обвинителите на Јанева, СДСМ го става како услов за постигнување договор за изборниот законик.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 11:18
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега