Чудо од дете, македонска гордост: Марко Чаласан меѓу најпаметните тинејџери во светот

Марко Чаласан, детето-чудо од Македонија дефинитивно е нешто со кое треба сите да се гордееме. Иако има само 14 години, Марко се најде на листата на 50-те најпаметни тинејџери во светот, и тоа на шестата позиција!

Сајтот Балкан инсајд пишува дека Марко е компјутерски гениј, кој на само 8 години веќе имаше добиени бројни признанија и дипломи од Микрософт, од кои првата ја доби на само 6 години. 

Чудото од дете почнало да пишува на две годишна возраст, а на 4 течно зборувало Англиски јазик. Денес малиот Чаласан предава информатика на деца од 8 до 11 годишна возраст во неговото основно училиште. Течно зборува три јазици, а моментално учи и четврт.

Премиерот на Република Македонија му даде ИТ лабораторија за да си го усоврши своето знаење и да напредува во иднина.

Инаку, на листата на најпаметни тинејџери, првото и највисоко место го зазеде Џек Андрака од Мериленд, САД.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега