УХМР со вонредна временска прогноза: Циклон доаѓа кон Македонија и носи многу дожд

Утре под влијание на циклонска активност од Јонското Море времето ќе биде облачно, во текот на целиот ден со врнежи од дожд кои уште во раните утрински часови ќе започнат во јужните и западните делови, информира УХМР во својата последна прогноза.

 

Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50л/м2.
Дневните температури ќе бидат ниски и ќе се движат од 3 до 13 степени. Не е исклучено на највисоките врвови да има повремен снег.

Во петок претпладне дождовите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури кои во недела ќе се движат од 14 до 20 степени.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега