Каква е состојбата на дечињата од Делчево кои испија седативи?

Мислеле дека се бонбони, па земале поголема количина и ги голтнале. Дечињата од Делчево кои по грешка земаа седативи денеска се чувствуваат добро откако беа примени на Клиниката за детски болести во Скопје, каде докторите водеа вистинска борба да им го спасат животот, пишува Алфа. Дечињата на возраст од 7 и 4 години се префрлени на одделение каде закрепнуваат и наскоро ќе бидат пуштени дома.

За потсетување, несреќата се случи  во неделата попладне, кога  братчето и сестричката од Делчево играјќи на улицата во населбата „Пустевски ендек“, нашле расфрлени кутии со апчиња и мислејќи дека се бонбони, голтнале од нив. Драмата да им се спаси животот траела неколку часа.
 
 За среќа, настанот кој ја потресе Македонија не заврши трагично.

 

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега