Советот на Јавни обвинители не подлегна на политичкиот притисок - Јанева ќе добие обвинители кога ќе оформи предмети

Советот на јавни обвинители и денеска не попушти под политичкиот притисок. Дополнителните 7 обвинители на Јанева повторно не добија зелено светло од Советот за јавни обвинители, откако точката за нивниот избор воопшто не се најде на дневен ред. Иако беше предложено оваа точка да се разгледува од Советот за јавни обвинители, мнозинството одлучи воопшто да не се расправа по ова прашање.
Аневски рече дека Советот нема да си дозволи да потпадне под политички притисоци, бидејќи не одлучува врз основа на политички договори.
„Ние не работиме по точки и по препораки од партиите. Ова е Совет на Јавни обвинители, независен е и нема никаква теорија да постапуваме по политички партии, туку работиме според закон.
Нема да се произнесуваме на барања за политички партии и препораки“ – изјави по седницата Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Тој додаде дека во овој момент нема нови околности кои би отвориле потреба за дополнување на тимот на Јанева, бидејќи според информациите, таа ќе работи со 28 предмети за кои 7 обвинители се повеќе од доволно.

„Доколку се зголеми бројот на предмети, да речеме на 120 или 140, ние ќе ја промениме одлуката и ќе избереме дополнителен број на обвинители“ – рече Аневски.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега