Најбараниот убиец во Македонија седнува на обвинителната клупа

Миле Хаџиски, убиецот кој во отсуство беше осуден на затворска казна од 20 години за убиството на Мери Јошевска кое ја потресе Македонија пред 22 години, ќе седне на обвинителната клупа во понеделник. Како што пишува Вест, стартот на судскиот процес е закажан за 26 октомври во основниот суд Скопје1.

За потсетување, според обвинението, најбараниот убиец во Македонија на 18 јуни 1993 година, во стан во Скопје, на свиреп начин и од користољубие, ја убил Мери Јошевска. По претходна расправија, почнал да ја дави со раце, а потоа ја удрил со пепелник во рамото и по главата. По ова, со кујнски нож, кој го носел со себе, ја прободел 40 пати во главата и во стомакот, по што Јошевска починала. Пред да замине од станот, се обидел да ги скрие трагите на грозоморниот чин, потоа ја ограбил и побегнал.  Според наодите на истрагата, убиецот сакал жртвата да страда, што го покажало и вештачењето. Жртвата очајнички се бранела, но залудно. Вечерта излегол со друштво во кафуле небаре ништо не се случило, каде што бил и уапсен. Сепак, Хаџиски успеал да избега.

Инаку, Во 2012 година Хаџиски бил уапсен од швајцарската полиција. Се барал за учество во криминалната група наречена "Пинк Пантер", која се занимава со крадење накит. Хаџиски успеал да избега од затворот во Лозана. Пред две години, тој бил приведен од француската полиција во Авињон. Имал неколку лажни идентитети, а осомничен е и за кривични дела сторени во овие две држави. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега