Стартуваше процедурата за оценување на уставноста на Законот за специјалниот обвинител

Иницијативата поднесена од адвокат од Свети Николе со која бара оценување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство ќе биде ставена на дневен ред на седница на Уставниот суд по целосно завршување на активностите на претходната постапка и прибирање на потребните материјали кои се неопходни за работење и одлучување по предметот, информираа денеска од Судот.

- Иницијативата е дадена во работа на судија известител и државен советник и се преземаат активности на претходна постапка согласно одредбите на Деловникот на Уставниот суд, велат од Судот.

На веб-страницата на Уставниот суд ќе биде објавено кога наведениот предмет ќе биде ставен на дневен ред на седница на Судот за разгледување и одлучување.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега