Притвор за гостиварчанецот кој ја уби сопругата со секира

Триесетдневен притвор заработи Гостиварчанецот кој синоќа на свиреп начин ја уби својата сопруга во нивната семејна куќа во Врапчиште. 

49-годишниот Г.А. кој ја уби пет години помладата сопруга Елизабета, најверојатно откако се скарал со неа во спалната соба, е пренесен во затворот  „Скопје“  каде ја издржува мерката притвор за крвавото убиство со секира.

Телото на убиената гостиварчанка е дадено на обдукција. Инаку, убиецот сам се пријави во полиција.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега