Спасов: Дополнителни 78 милиони денари за семејствата корисници на социјална парична помош

Проектот за условен паричен надомест за семејствата корисници на социјална парична помош ќе продолжи и следната година. За учебната 2015-2016 за таа намена се предвидени 78 милиони денари, информира денеска министерот за труди социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Сарај, пренесе МИА.

Семејствата корисници на социјална парична помош чии деца се редовни ученици во средно образование со проектот добиваат дополнителна помош од 12.000 денари.

- Овој проект го реализираме од 2010 година и досега се инвестирани 358 милиони денари за овој надомест кој што значи дополнителна финансиска поддршка за семејствата корисници на социјална парична помош, изјави Спасов.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега