Шанса за нови вработувања: Кочани домаќин на Саемот за вработување

Кочани, денеска беше домаќин на новиот караван Саеми за вработување, кои се во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

Кочанчани и заинтересирани посетители на денешниот саем и од околните населени места, имаа можност подобро да се запознаат со понудата за нови вработувања кои ја понудија компаниите учеснички и да поразговараат со дел од одговорните лица на компаниите кои се претставија на саемот.

Потенцијалните работодавачи веќе добија значителен број на резимеа, а истите го изјавија своето задоволство за оваа караванска активност, која досега посети 4 градови во државата.

Реализацијата на акцискиот план на вториот караван на саемите за вработување низ државата се одвива по планираното каде голем број на невработени и активни баратели на работи, меѓу кои најмногу млади лица, веќе го пронајдоа своето ново работно место. 

Граѓаните ја искажаа поддршката за предноста на овој начин на запознавање со компаниите.

Следниот 5-ти саем за вработување од овој караван ќе се одржи наредната среда во Радовиш на 28-ми октомври.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 13:42
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега