Скопјанец падна во "Ќелија": Овој маж бил припадник на ИД во Сирија (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи го уапси 23-годишниот С.Ф. од Скопје кој се бараше од август годинава во рамки на акцијата „Ќелија“. Против него беше поднесена кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело  „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.

Младиот скопјанец бил  припадник на ИД во Сирија годинава. Истиот е и претходно познат на полицијата како сторител на поголем број насилни имотни кривични дела.

За потсетување, како што МВР претходно информираше, оперативната акција “Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Беа извршени претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, и беше запленета поголема количина технички средства.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега