ФОТО: Ораторска вечер во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велес

За прв пат ораторска вечер “Петар Поп Арсов” се одржа во новиот театар „Јордан Хаџи Константионов – Џинот“, и истата беше проследена од голем број на велешани и гости од другите општини.

На седмата ораторска вечер “Петар Поп Арсов” учествуваа 10 оратори од повеќе општини од Република Македонија.

oratorska2

- Ние како најсилен политички подмладок во Велес сме должни да се грижиме за културата и интелектуалниот развиток на младите во градот. Оваа година на Ораторската вечер учествуваа 10 луѓе меѓу кои и учесници од Охрид, Неготино, Градско и Струмица.  – рече Живе Катранџиев, претседател на УМС ОК Велес.

Ораторите ги оценуваше 5 члена комисија која во предвид ги зима концептот на говорот, сценскиот настап и стилска инвентивност. Овогодинешниот победник е Ангела Илоска од Охрид.

komisija

- Сакам да им се заблагодарам на Унијата на млади сили од Велес за можноста да учествувам на овој настан и на комисијата за довербата. Се надевам во иднина ќе продолжат да ја оганизираат Ораторската вечер и ќе бидат уште поуспешни. – рече Ангела Илоска, победник на Ортаторската вечер „Петар Поп Арсов“.

oratorska1

-Темата на оваа ораторка вечер беше “Образованието е патот кон личниот успех и успехот на државата”, токму можеби и затоа имаше толку млади пријавени, поради фактот што се обидовме како УМС да ги потикнеме младите да разговараат на оваа тема. Бидејќи Република Македонија нема премногу развиена економија и немаме минерални богатства кои што можеме да ги експлатираме, образованието  е клучот за просперитетот на оваа држава. Токму за тоа се обидуваме на секаков начин на младите луѓе да им ја потенцираме важноста на образованието, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

nelo

 

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес изразија големо задоволство од заинтересираноста за оваа ораторска и големиот број на публика која ја проследија истата.
 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега