Нуланд разговараше и за името на Македонија со грчкиот државен врв

 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.

Една од темите за кои разговараше Нуланд во Атина со Коѕиас, но и претходно со премиерот Алексис Ципрас е проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

- Со премиерот и со министерот за надворешни работи разговаравме за нашата заедничка надеж да се најде прифатливо решение, за да можеме да одиме напред, изјави Нуланд вечерва во Атина.

На состаноците во Атина на маса биле повеќе теми, меѓу кои и мигрантската криза, кипарското прашање, имплементирањето на реформите кои произлегуваат од договорот за кредит меѓу Грција и меѓународните кредитори, како и за енергетски прашања. 

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега