СДСМ сака Албанец да биде шеф на македонските специјалци

Апетитите на СДСМ за доаѓање на власт без избори и поддршка од народот стануваат опасни.

makedonija-na-korak-od-gradanskog-rata-1334352979-149780

 

Извори од преговорите истакнуваат дека главна цел на СДСМ било техничкиот министер за внатрешни работи кој треба да биде избран со консензус на сите политички партии, наместо постоечките предвидени со закон да добие нови овластувања и надлежности, односно да може да одлучува пред се самоволно и спротивно на законските прописи.

Значи не се говори за намалувања на ингеренциите на министрите како што неточно ламентираат опозициските портали, туку напротив СДСМ посакува и бара отворено зголемување на ингеренциите на нивните министри кои треба да влезат во владата.

СДСМ, меѓу другите нелогични барања, барале министерот своеволно и без почитување на законската постапка да ги назначува новите шефови на македонските специјални сили, односно иако постоечките команданти на специјалците не го прекршиле законот тој сакал да ги промени. Со цел да добијат поддршка за ова свое барање од албанските партии тие под маса испратиле непринципиелен предлог во кој било предвидено ДУИ и ДПА да ги поддржат барањата на СДСМ за нови зголеми ингеренции на министерот за внатрешни, а за возврат тој сдсмовски министер да назначи Албанец по род за шеф на македонските специјални полициски сили Тигар. Ова наишло на жесток отпор од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јавува Курир.

Инаку СДСМ одамна има стратегија на додворување кон албанскиот политички фактор. СДСМ се свесни дека следните избори ќе ги изгубат убедливо и затоа сега упорно нудат концесии кон албанскиот фактор во обид да создадат непринципиелна коалиција против ВМРО-ДПМНЕ.

Идеологот на СДСМ Љубомир Фрчковски во неколку наврати јавно ја ја нуди идејата за Албанец за премиер на Владата наместо Никола Груевски.

- Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи  Албанец  би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

И угледниот опозиционер Стојан Андов вчера ја понуди идејата за создавање на коалција на сдсм, дпа и дуи против ВМРО и Никола Груевски. Целта на таквата коалиција според Андов би била да се отстрани ВМРО од власт а наместо ВМРО кој добива убедлива подршка од граѓаните во број од околу пола милион гласачи да владеат дуи, сдсм и дпа.

- Затоа сметам дека ДУИ, ДПА и СДСМ со нивните коалициски партнери треба да направат коалиција и тогаш Груевски нема да може да формира влада и ќе мора да одговара пред институциите. ДУИ, ДПА и СДСМ треба да седнат на маса и да потпишат договор да се обединат во парламентот, да соберат над 51 проценти од пратениците и да бараат разрешување на владата сега, да не се чекаат изборите, вели Андов.

Кон оваа стратегија на СДСМ се приклучува и Петар Гошев кој исто така заговара сојуз на СДСМ со албанските партии, наспроти ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа алтернатива е веќе позната. Станува збор да се направи обид да се формира ново парламентарно мнозинство кое ќе го исфрли Груевски од игра. Во новото мнозинство би биле вклучени пратениците од етничките албански партии и други помали партии во парламентот, вели Гошев.

Со овие изјави и Андов и Гошев ја продолжуваат политиката на додоворување на опозцијата кон Албанците, но и признаваат дека СДСМ нема никакви шанси да го победи вмро на следните избори, факт кој е јасен на целата јавност особено на раководството на СДСМ кое прави се за да ги избегне изборите и извесниот пораз на нив.  

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега