Заев повторно не се појави на судење - имал средба со странски претставници

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и денеска не се појави на рочиштето за предметот Пуч кој се води против него и уште четворица обвинети.
Образложението беше дека не седнал на обвинителната клупа бидејќи бил на средба со странски претставници на инвестициски фонд.
Неговата одбрана истакна дека нема надлежен обвинител кој може да го гони Заев бидејќи со донесувањето на новиот закон за Специјален обвинител  таа надлежност е кај Катица Јанева.

Во судскиот процес „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња и двајца вработени во Општина Струмица.

 

Сите се товарат за шпиунажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега