Полицијата го фати скопјанецот кој се барал за издрување казна затвор

На граничниот премин Богородица, на излез од Македонија, утрово во 03:10 часот од извршената пасошка контрола констатирано е дека Љ.Н.(65) од Скопје, се барал заради издржување казна затвор во траење од три месеци и десет дена за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Лицето е задржано и приведено, и по изготвување на потребната документација утрово во 05:30 часот со Потврда за предавање на лице и предмети  е предадено на полициската станица во Гевгелија за понатамошна постапка, односно спроведување до Казнено поправната установа Скопје, соопшти МВР. 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега