Настанот кој ја згрози Македонија: Собрал деца од лулашки па ги терал орално да го задоволат

Грозен настан ги потресе Битолчани и цела Македонија. 60-годишен старец од Битола намамил три малолетни девојчиња за пари сексуално да го задоволат. Како што пишува Дневник, 60-годишниот А.Л. за пари ги намамил трите девојчења на возраст од 10 до 14 години, од кои две биле сестрички, да влезат во неговиот автомобил и орално да го задоволат. 

Монструмот ги нашол девојчињата на лулашки и ги натерал на блуд. Прв пат делото го направил на 5 октомври, а вторпат пред неколку денови. Со возилото од лулашките ги носел во едно од околните битолски села каде го паркирал возилото покрај патот и ги злоупотребувал.

Овој настан ја згрози македонската јавност. Битолчани се исплашени бидејќи вакви настани се почесто се случуваат кај нив. 

Инаку, на монструмот му е одреден притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега