Паника во Скопје: Три лица исчезнаа во ист ден

Три лица вчера се јавиле во полиција за да пријават исчезнување. Во 17 часот во Полициската станица во Аеродром, 49-годишниот З.Д. од Скопје пријавил дека на 20 месецов во 15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка, 22-годишната И.Д.

Во вториот случај во 04 часот и 30  минути во Полициската станица на Бит Пазар, 30-годишниот З.Ќ.  од Скопје, пријавил дека  вчера во 10 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко, 62-годишниот З.Ќ.

Исто така, околу 22 часот  во  Полициската станица во Чаир, социјален работник вработен во ЈУЗДВ „Дом 25-ти Мај“, пријавила дека од непознати причини од Домот се оддалечило 17 годишно женско лице.

Полицијата трага по лицата. 

 

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега