Заев на тајна средба со струмички бизнисмен: Мора да направиме проблем-ги губиме изборите!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и партискиот портпарол Петре Шилегов, деновиве имале тајна средба со струмички бизнисмен кој е еден од тајните спонзори на Заев, пишува Нетпрес. Според информациите на порталот, Заев на бизнисменот со кој биле на вечера, му се пожалил за се поизвесниот неуспех на СДСМ на изборите во април и му рекол дека бидејќи ги губат изборите мора да направат проблем, за тука да ја бараат шансата.

- Ги губиме изборите и мора да направиме голем проблем за да се одложат и тука да ја бараме шансата, му рекол Заев на бизнисменот, пишува Нетпрес.

Според анкетите што деновиве беа објавени во јавноста како онаа на Брима Галуп и Институтот за политички истражувања од Скопје, ВМРО – ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ, па јасни обидите за минирање на процесот на преговори за Договорот од Пржино. 

Од друга страна, премиерот Никола Груевски во синоќешното обраќање по повод Денот на Револуционерната борба – 23-ти Октомври потенцира дека на изборите во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба.

Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa. Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден. Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина! Решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент. Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого, рече македонскиот премиер.

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега