Се очекуваат нови 20 инвестиции во Македонија

Странските инвеститори во Р. Македонија се најдобрите промотори на добрата бизнис клима во нашата држава. Од 2006 година до 2015 година во Македонија имаат инвестирано 25 големи странски инвеститори и повеќе мали, Владата на Р. Македонија работи на 20 поголеми проекти за странски инвестиции во земјата. Ова денеска го истакна Кристијан Делев, заменик министер за економија на дебатата организирана од Институтот Павел Шатев на тема ”Економскиот напредок и бизнис климата во Република Македонија”.

- Ние уште од самиот почеток од 2006, 2007 година почнавме еден сет на реформи за да ја направиме Македонија поатрактивно место и за работа и за инвестирање. Инвеститорите тоа не го кријат и се повеќе јавно го кажуваат. Потребни беа многу реформи во сите сфери од образование, даночна политика, креирање на бизнис клима, законот за работни односи...Од кога беа спроведени реформите тоа не беше доволно потребни беа низа на презентации, роуд шоуа , низа на маркетинг активности за тој сет на мерки да се продадат пред странските инвеститори, истакна Делев.

Додаде дека после било важно инвеститорите да дојдат во Р. Македонија и да се уверат во тоа што им се нуди и дали тоа навистина е така

-Многу беше тешко порано да се убеди некој да дојде да инвестира во Македонија , но веќе од кога е почнат овој процес може да очекуваме дека сега тоа само ќе се мултиплицира и ќе оди позабрзано отколку како што било претходно. Бидејќи сега имаме доказ за тоа до сега што сме го работеле. Самите компании инвеститори се најдобриот маркетинг што го имаме, бидејќи самите кажуваат дека условите за работа овде се добро, бизнис климата е добра, има добра работна сила што знае да работи. Колку повеќе инвеститори ќе има толку се создава поголема конкурентност меѓу нив, а тоа директно ќе придонесе и за зголемување на платите, истакна Делев.

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега