Страотна сообраќајка во гостиварско: Повредени пет деца и бебе

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе македонската јавност. Осум лица од кои три жени и 5 малолетни деца се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар-Трбиново-Падалиште, кога денеска во 19 часот автомобил Хјундаи со гостиварски ознаки управувано од 33-годишната М.Н. од Гостивар, од непознати причини изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело во длабока бездна.

Како што објави Курир, по укажаната помош во гостиварската болница, на скопски клиники е препратена 59-годишна жена од Падалиште, а со тешки повреди се здобила и  М.Н.

Меѓу петте деца имало и едно бебе кое е полесно повредено.

 

 

Оцени ја веста

25.10.2015 - 00:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега