Тага по големата трагедија во Влае: Детето среќно тргнало дома кога камионот го прегазил

Тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути во скопската населба Хром ја потресе Македонија. Загина девојче на возраст од околу 11 години кога камион го удрил на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, додека довојчето се обидувало да ја премине улицата на пешачки премин. 

Очевидци тврдат дека девојчето било со својата мајка која останала да пазари во блискиот маркет. Детенцето кое било пресреќно што добило нова јакна брзало кон дома. Камионот ја прегазил на пешачки премин, немало траги од кочење и тоа починало на самото место зошто камионот со три тркала поминал преку неа, пишува Сител.

Засега не е откриен идентитетот на несреќното девојче.

Овој настан ја потресе Македонија.

 

 

Оцени ја веста

25.10.2015 - 10:48
Фото: 
здравство24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега