Младо момче го загуби животот: Познат идентитетот на загинатиот кичевчанец

 

Уште една трагедија во која згасна живот ја потресе македонската јавност. Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот  пат  Струга-Подмољје.

Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал 29-годишниот Ајнур Ц. од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга.  Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот  на возилото, една година помладиот М.М  од Кичево. Совозачот Е.М. (24) од Кичево се задобил со фрактура на карлица и фрактура на пет ребра на лева страна  од граден кош. Тој е пренесен во болницата за коскени заболувања Св.Еразмо-Охрид,а потоа во општата болница Охрид-хирургија каде е задржан на понатамошно лекување, додека сопатниците во возилото Р.Х. (18) и Д.И. (20) двајцата од Кичево се задобиле со телесни повреди во вид на изгреботини и набиеници во пределот на главата и телото. Тие со возило на брза помош се пренесени во Општа болница-Струга-хирургија и потоа по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Сообраќајната незгода е случена поради можна неприлагодена брзина на управување на возилото према условите на регионалниот пат. Возачот М.М. изгубил контрола над возилото кое излетало од коловозот и паднало во канал на десната страна.

 

 
 
25.10.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега