Излетал од патот: Уште еден живот згасна во сообраќајка

По трагедииите во кои загинаа 12 годишно девојче од Влае, младо момче од Кичево, како и маж од Неготино, утрово околу 02 часот по полноќ згасна уште еден живот на локалниот пат Кочани – село Грдовци. Според податоците од полицијата, од засега непознати причини, автомобил со кочански регистарски ознаки управуван од 24-годишниот Марин П. излетал од патот. Со младото момче во автомобилот била и 18-годишната сопатничка Б.А. од селото Грдовци која поминала со повреди.

По укажаната медицинска помош, иако и двајцата биле префрлени на Клиниките во Скопје, Марин П. им подлегнал на повредите.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 
 
25.10.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега