ДУИ се заканува со формирање на ново албанско Собрание на Северозападна Македонија

Доколку пропадне Договорот од Пржино, ДУИ се заканува дека ќе формира Собрание на Северозападна Македонија, формирано од албански општини, вели висок партиски функционер за Дневник

Весникот повикувајќи се на високи партиски извори пишува дека во Мала Речица се разгледуваат неколку опции за делување доколку не се спроведе договорот од Пржино. Меѓу нив, покрај напуштање на Владата и формирање ново парламентарно мнозинство се разгледува и опцијата ДУИ да остане во извршната власт но партиските функционери да ги бојкотираат сите институции каде што имаат свој кадар.
„- Се е на маса од напуштање на Владата, ново парламентарно мнозинство, замрзнување на учеството на ДУИ во Собранието, Владата и институциите, формирање Собрание на општините од Северозападна Македонија... Договорот мора да се спроведе, во спротивно ДУИ ќе донесе одлука како ќе дејствува за да не останеме заложници на игрите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“ - вели функционерот за весникот.

Тој додава дека во игра е и опцијата за формирање паралелно собрание во Македонија по примерот на Заедницата на српските општини во Косово

 

„- -Тоа ќе значи формирање Собрание на општините од Струга до Липково со претседател и пратеници и дури тогаш македонските партии ќе видат што значи политичка криза и од каков габарит на странски преговарачи ќе биде потребно да се ангажира за да се спасува државата“ – вели неименуваниот функционер на ДУИ

 
 
27.10.2015 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега