Кумановчани фалсификувале исправи

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против двајца кумановчани под сомнение дека фалсификувале исправи.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.С. (55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 8 јули годинава од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Голф“, управувано од пријавениот, а од извршениот преглед над возилото, утврдено било дека по пат на механичка обработка незаконски извршил промена на ВИН бројот на возилото.

Друга кривична пријава заработи Б.Б. (54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 3 септември годинава од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Фолксваген Поло“, управувано од пријавениот, а од извршен преглед над возилото било утврдено дека по пат на механичка обработка незаконски извршил промена на ВИН бројот на возилото.

 
 
28.10.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега