Три лица од Радовиш произведувале и продавале дрога

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица од Радовиш под сомнение дека продавале дрога.

Лицата С.П.(28) и А.К.(27) од Радовиш сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства, психотропни супстанци и прекурзори“. На 7 ноември 2014 година околу 18.30 часот во Радовиш на улицата „Плачковица“ од страна на полициски службеници бил забележан А.К. како од дворот на куќата на С.П. подигал најлонско пакување, а по извршениот преглед било утврдено дека во него има 6,6 грама наркотична дрога марихуана.

Кривична пријава за исто дело заработи и Б.Р. (31) од Радовиш. На 28 април годинава од страна на полициски службени бил извршен претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени три растенија и една семка канабис кои пријавениот ги одгледувал на терасата во неговиот дом.

 
 
28.10.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега