ЈЗУ Општа болница Охрид: Се вложуваат напори за подобрување на здравствените услуги

Поттикнати од, како што велат, некои медиумски оцрнувања на лекарската фела и Македонското здравство, од ЈЗУ општа болница Охрид испраќаат соопштение во врска со сите случувања во здравството.

-Имено како компетентни во здравствената проблематика и политика во Охрид, можеме да кажеме дека максимално од страна на Владата на Македонија и Министерството за здравство на Р.Македонија, се вложуваат напори за квалитетен исчекор во подобрување на здравствените услуги и доближување до европското здравство. Во охридската болница во период од 2006 година па се до денес има доживеано драстично позитивни промени во набавувањето на медицинска опрема и подобрување на здравствените услуги на пациентите. Во овој период се изгради најсовремен хируршки блок со европски стандарди и истиот се опреми со врвна технологија, која изнесува преку 4 милиони евра и исто така во овој блок од неговото отварање од мај 2013 година, па се до месец јуни 2015 година се згрижени, 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, се вели во соопштението од охридската болница.

Оттаму додаваат дека во делот на дијагностиката на болести се набавени најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се комјутерски томограф, мамограф, 4Д гинеколошки ултразвук, 4Д кардиолошки улатрзвук, офтамолошки ласер, ендоскоп, лапараскоп, колоноскоп и др.

-Во доменот на организацијата и подобрувањето на здравствените услуги се воведоа нови медицински методи и технологии во работењето со пациентите како што се системот Мој термин, сето тоа регулирано правно, во интегриран информатички здравствен систем, едукација и доедукација на здравствените работници и соработници, на кои им се овозможи проширување на нивните знаења, кај нас и во светот и воведување на нови методи во лекувањето на пациентите. За подобрување на здравствените услуги Министерството за здравство на Р.Македонија овозможи вработувања на стручен медицински персонал:  23 доктори, 10 здравствени соработници, 27 сестри и 80 помошен персонал, додаваат од болницата.

Сите овие вложувања во здравството и сите овие здравствени политики имаат за цел, да им се олесни лекувањето, да се скратат патувањата до другите здравствени организации и исто така да се скратат дополнителните материјални трошоци на пациентите, велат од болницата, а на лекарите им се овозможи побезбедно практикување во давањето на здравствените услуги, во осовременувањето на медицинската практика, базирана на медицински патеки и протоколи.

Кога ќе ги земеме во предвид сите вложувања кои досега се превземени, додаваат од охридската болница, неможеме да се сложиме дека здравството е на маргините на општеството и ги охрабруваме Владата на Р.Македонија и Министерството за здравство на Р.Македонија да продолжат со посветена работа во развојот на здравствениот систем во Р. Македонија.

 
 
28.10.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега