Училиштето ми го уби детето, а наставниците ќе ми платат за тоа - раскажува Драгана за семејната трагедија

Трагичната судбина на 14-годишниот Алекс јанковиќ, кој се уби пред четири години поради насилство од страна на неговите соученици од основното училиште во Ниш, како да не беше доволна опомена за надлежните. 

Алекс имал потрес на мозогот, ногата му била во гипс и му била дијагностицирана „посттрауматски синдром“... бидејќи неговите сооченици го злоставувале повеќе од осум месеци пред очите на наставниците, а четири години по неговата смрт, поединците кои можеле, а не ја спречиле трагедијата, дури и нарпедувале. 

- Нема да запрам додека сите кои можеа да му помогнат на мојот Алекс, а не го направија тоа, да добијат откази. Се каам што верував во училиштето. Полека го убиваа со постапките и за на крај вистински да го убијат. Сега се грижам за моите две ќерки, кои само тие ми останаа., Драгана почнува да ја раскажува ужасната приказна

Алекс постојано се  жалел на својата мајка за злоставувањето во училиштето. 

- Му зборував: Алеска, сине ќе видиш дека ќе биде се во ред, а тој ме погледна ги тргна шишките од чело и рекол: Аха, не знаеш ти како е кога одиш во училиште, продолжува да зборува Драгана

По долгото малтретирање, Алекс се повлече во себе, му падна егото, се плашеше за својот живот и живото на своите најмили. 

Во мај 2011 година Алекса повеќе не можел да издржил и се убил скокајќи од третиот спрат од зградата. 

Родителите велат дека поднеле кривична пријава до професорите во училиштето и се надеваат дека правдата ќе ги стигне. 

 

 

 

 

 

 
 
29.10.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега