Трајко Вељановски побара од СДСМ да го почитуваат Деловникот за работа

Пратеникот од СДСМ Стојко Пауновски на денешната седница за поставување пратенички прашања беше опоменат, а за момент и исклучен поради злоупотреба на собраниската говорница од страна на Претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

Откако на неколку наврати претседателот Вељановски го опомена пратеникот Пауновски да поставува пратенички, а не политички прашања, Пауновски продолжи по што следеше исклучување на собраниската говорница.

Пратеникот Пауновски своето прашање за кое што беше опоменат го посвети на Никола Груевски поставувајќи му политичко прашање кое нема никаква поврзаност со работата на Груевски како Претседател на Владата.

Претседателот Вељановски откако го исклучи пратеникот Пауновски од собраниската говорница го потсети пратеникот читајќи го Деловникот на Собранието каде што нагласи дека Никола Груевски на денешната седница е во улога на Претседател на Владата, а не како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата пракса на поставување повеќе политички прашања отколку пратенички прашања произлезени од граѓаните станаа пракса на СДСМ.

На сето ова процедурално реагираше координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски,  кој што повика пратениците од СДСМ да престанат да го кршат деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

 
 
29.10.2015 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега