Пожар во затворот во Тетово - четворица во болница

Попладнево околу 18 часот избил пожар во подрумските простории на затворот во Тетово, при што четири лица се повредени. Пожарот избил во просторијата каде што била сместена котларницата од системот за затоплување на објектот.

55416-63570

Во гаснењето на пожарот учестувале две противпожарни возила и пожарникарите успеале да го изгаснат и да спречат неговото проширување низ целиот објект поради излевањето на нафта од резервоарот во котларницата.

Четири лица кратко време биле згрижени во тетовската болница зошто вдишале чад, по што се вратени назад во затворот.

Пожарот избувнал во моментот кога се вршела поправка на системот за греење која ја спроведувале мајстори и дел од затворениците.

Полициски екипи направија увид на местото на настанот, а а повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

 
 
29.10.2015 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега