Дневник: Судот во Струмица ги поништи бомбите на Заев

Политичар не може да изнесува партиски и лични ставови претставувајќи ги како непобитни вистини за вмешаност во некаков корпуциски скандал на друг политичар повикувајќи се на снимка чија автентичност не е утврдена или додека додека не ги сочека официјалните органи да ги утврдат фактите изнесени во снимката, пишува Дневник

Во спротивно, тој ги нарушува честа и угледот на политичарот за кој коментира, односно дава изјава „само во насока на собирање политички поени, но на сметка на рушење на угледот на противникот“. Ова е заклучокот што може да се извлече од пресуда донесена на почетокот од месецов од судијата Лидија Аризанова во Основниот суд Струмица. Иако личи на пресуда што била донесена по повод тужба од владин функционер на ВМРО-ДПМНЕ против лидерот на СДСМ Зоран Заев за 38-те објави на снимки од незаконско прислушување, всушност, се работи за обратна ситуација – Заев си ги брани честа и угледот од снимката објавена на „ Јутјуб“ со струмичкиот градоначалник за што се води кривична постапка за сомневање за барање поткуп. Имено, се работи за пресуда по тужба на Заев против Сашо Миленковски, претседател на струмичката организација на ГРОМ на Стевчо Јакимовски, кој повикувајќи се на снимката од „Јутјуб“ обвинува за корупција на Заев. Миленковски од Судот е задолжен да му плати на лидерот на СДСМ отштета за нарушен углед и чест од 300.000 денари затоа што врз основа на снимката, иако не е докажана нејзината автентичност, ниту фактите од неа се утврдени од надлежни државни органи, за Заев кажал „тој е на чело на урбаната мафија во Струмица“, „го оштетувал општинскиот буџет и тоа како што самиот тврди во повеќе наврати, намалувајќи ја цената на државното земјиште дури шест пати, односно за 438 денари на се на се на 71 денар по квадратен метар, се разбира за оние што се подготвени лично нему во кеш да му дадат мито“... „Господине Заев, дали по едно евро барате и за Вас и за црквата, за да си ја исперете совеста?“ 

Целата анализа прочитајте ја на Дневник

 
 
30.10.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа