ФОТО: Се бара идејно решение - како ќе изгледа новиот плоштад „Скендер-бег“?

Општина Чаир и на вториот оглас за избор на идејно решение за изработка на мозаици на плоштадот Скендер-бег, што го распиша во мај, не додели прва награда. Доделени се втората награда на авторот Ѓорѓи Томовски, во износ од 100.000 денари, и третата награда на Невзет Бејтули-Kица, во износ од 60.000 денари.

Претседателот на комисијата, која ги оценуваше пристигнатите трудови, професор Миџаит Положани, информира дека првата награда не е доделена бидејќи понудите што биле пристигнати, а ги имало пет, не ги содржеле до крај поставените барања.

Општината Чаир деновиве ќе распише нов, трет оглас, со надеж дека овој пат ќе го добијат бараното идејно решение за мозаиците на идниот плоштад. Мозаиците ќе бидат поставени на бетонски платоа кај скалите и кај фонтаната на плоштадот, која ќе биде изградена наспроти споменикот на Скендер-бег.

Раководителот на Секторот за урбанизам во Чаир, Џенгис Хани, вели дека работите на втората фаза од изградбата на плоштадот Скендер-бег се одвиваат според утврдената динамика. Во втората фаза булеварот Гоце Делчев ќе биде покриен со бетонска плоча, на потегот од стоковната куќа „Мост“ до раскрсницата зад „Мавровка“.

 

ИЗВОР: Курир

 
 
30.10.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа